Amazon во Италија оваа година ќе отвори 3.000 нови работни места на неопределено време во рамки на “италијанскиот план“ насочен кон зголемување на инвестициите во таа земја.
“Растот во дигиталниот сектор е прилика за нов почеток и сакаме да придонесеме за тоа“, рекла Марианхела Марселиа, одговорна во Amazon за Италија и Шпанија.
Amazon планира да инвестира повеќе од 350 милиони евра во три нови локации што треба да се отворат оваа есен во северните италијански региони Ломпардија, Пиемонт и Емилија Ромања.
извор: biznisinfo.mk