Од 1 октомври недела станува неработен ден. Исклучоци ќе има само за оние дејности кои не трпат застој во производствениот процес, а ќе работат и киосци, штандови во трговски центри од 10 до 18 часот, специјализирани продавници за продажба на сладолед, цвеќиња во туристички центри кои ќе ги одреди Владата, штандови и киосци на спортски настани, фестивали, како и продавници за трговија на мало.
Работниците кои ќе работат во недела ќе добијат двојно повисока дневница, и слободен ден наредната недела, во договор со работодавачот.
Целта на измените во Законот за работни однсои и законот за трговија е да се унапредат работничките права, вработените да имаат повеќе време да посветат на семејството, како и поквалитетен живот. Предлог измените сега треба да ги изгласаат пратениците во Собранието.