– Вип со гордост го најавува воведувањето на уште една придобивка за корисниците на мобилната припејд телефонија со која добиваат бесплатен интернет во текот на целата ноќ.
Ова лето, сите Vip Припејд корисници, со секое дополнување на припејд сметката, без разлика на износот, го добиваат интернет пакетот „Трета смена“, со кој сурфаат бесплатно секоја вечер во периодот од 00:00 ч. до 09:00 ч. Бесплатното ноќно сурфање трае 10 дена, после секое надополнување!
Сите нови припејд корисници го добиваат автоматски новиот интернет пакет „Трета смена“.
Истовремено, Вип воведува нова припејд тарифа Vip Pulse со огромни придобивки за сите нови Vip Припејд корисници на оваа тарифа кои бесплатно добиваат: тарифна опција Vip Pulse+, како и новиот пакет Vip Пријатели, со кој имаат можност да зборуваат 30 дена бесплатно и неограничено со сите Vip Припејд корисници, интернет пакет „Трета смена“, и 2GB интернет, кои може да ги користат во кој било период од денот, во првата недела од активацијата.
Сите постојни припејд корисници на некоја од постојните тарифи, а кои сакаат да уживаат во сите придобивки што ги обезбедува тарифата Vip Pulse, треба да го променат тарифниот модел со едноставно праќање SMS на 14712 со текст Pulse, со што во првите наредни 30 дена автоматски ја добиваат Vip Pulse+ тарифната опција.
За сите оние кои сакаат 30 дена да уживаат во бесплатни разговори со сите Vip Припејд корисници како Vip Pulse корисник треба да го активираат пакетот Vip Пријатели по цена од 59 ден. со испраќање на SMS на 1464 со содржина START.
Со овие новини Вип ја потврдува својата заложба за креирање понуди прилагодени за потребите на секој корисник, овозможувајќи најдобра вредност, врвно корисничко искуство, комуникација и многу забава.
Повеќе информации можете да прочитате на www.vip.mk.
НА САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТОТО: ВИП ОБЈАВИ НОВА СУПЕР ПОНУДА ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ
Актуелно
-
Дали српските туристи летово ќе ја избегнат Македонија на патот кон Грција?
Одлуката Бугарија да влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година, со која се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција, отвори нови дилеми кај српските туристи кои ги планираат летните одмори на грчките плажи.
-
Професионалните возачи бараат да не бидат третирани како туристи во ЕУ
Поради бројните гранични и други транспортни проблеми во Шенген зоната
-
Шумските пожари во Бразил лани уништиле вкупна површина поголема од Италија
Шумските пожари во Бразил минатата година зафатија вкупна површина поголема од целата територија на Италија, објави денеска платформата за мониторинг МапБиомас.
-
Поскапува претплатата на Нетфликс
Нетфликс ќе ги зголеми претплатите во повеќе земји откако бројот на корисници се зголеми за речиси 19 милиони во последните месеци од 2024 година.
-
Шпанија ќе воведе данок од 100 отсто при купување на имот
Санчез минатата недела рече дека Шпанија би можела да воведе данок без преседан до 100 отсто на имотот донесен од луѓе надвор од ЕУ.
-
Нови линии од скопскиот аеродром до Париз и Женева
Министерството за транспорт денеска (22 јануари) соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје - Женева и Скопје - Париз (аеродром Орли).