Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од 12 до 15 години.
Агенцијата ја разгледа измената на лиценцата за вакцината на ‘Фајзер’ и откако потврди дека се исполнети сите законски услови, и пред сѐ, дека се исполнети највисоките професионални критериуми поврзани со безбедноста и ефикасноста, заклучи дека оваа вакцина може да се користи кај население на возраст од 12 до 15 години во Србија, јавија српските медиуми.
Како што е наведено, експертите строго ги контролирале сите научни податоци од клиничките испитувања спроведени од производителот во други земји.