Чајот може да биде најсовршениот напиток.
Чајот може да биде најсовршениот напиток. Одамна постојат исхрана и диета според крвната група, па така имаме и топли напитоци кои се идеални за одреден тип. Така, кафето во разумни количини е погодно за оние кои им припаѓаат на крвните групи А и Б, но различни видови чаеви се добри за сите групи. Како што постојат лековити растенија кои одговараат за одредена крвна група, така постојат и одредени растенија кои и покрај својата лековитост – не треба да се користат.
Ова се најдобрите и најлошите комбинации според припадноста на крвната група.
Добар избор според вашата крвна група:
КРВНА ГРУПА 0
Оние кои имаат крвна група 0, треба да одбегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро се носат со стресот, ги измачува желудочна киселина. Аеви кои се препорачуват за оваа крвна група се на база на ѓумбир, гинсенг, зелен чај и чај мате, кој е позната замена за кафето. Идеален избор за нив се мешавината Сенча, гинсенг со ѓумбир и јапонски зелен чај
Уште одговараат и чаеви од: магдонос, хмењ, кора од даб, лист од дудинка, шипка, цвет од липа и глуварче.
КРВНА ГРУПА А
Ова се силно емотивни и аналитички личности склони на стрес, поради што имаат трајно високи вредности на кортизол, хормонот на сгтрес. Иако кафето не им пречи, потребата за претежно растителна храна, медитација и јога ќе ја дополни и секојдневното пиење на соодветен чај. За нив погодни чаеви се тајванскиот зелен чај Gunpowder, чај од чист цвет на јасмин, комбинацијата од сребрен јасмин со зелен чај Ying Hao, потоа мешавината од столисник, невен и мајчина душичка.
Уште одговараат и чаеви од: голема чичка, бел глог, кора од даб, шипка, ѓумбир, алое вера и кантарион.
КРВНА ГРУПА Б
Припадниците на оваа крвна група обично имаат бавен метаболизам, склони се на автоимуни болести, дебелеење, летаргија, хроничен замор и неуреден сон. Тие имаат отпорен дигестивен систем и слаба одбрана од бактерии, пред се од Ешерихија коли. Треба да пијат млад зелен чај, органски зелен чај или црвен роибус без додатоци, и имуно мешавина од бозел, роибус, лимонова трева и жалфија.
Уште одговараат и чаеви од: листови од малина, магдонос, лист од бреза, кора од бреза, глуварче, столисник, темјан, нане, кантарион и мајчина душичка.
КРВНА ГРУПА АБ
Припадниците на оваа крвна група се интуитивни и не се склони на стрес. Треба да се фокусираат на посебни видови зелени чаеви и сродни напитоци на нив, како нане, сандаловина, божур и напитоци од ориз. Идеален избор на чаеви за нив е природниот жолт чај и мешавина од врвен зелен чај и нане.
За мажите со оваа крвна група посебно се препорачува мешавина од коприва, нане и роибус.
Уште одговараат и чаеви од: бел глог, чичак, ѓумбир, лист од јагоди, камилица и шипка.
Чаеви кои треба да ги одбегнувате:
КРВНА ГРУПА 0
Алое вера, кантарион, листови од јагода, подбел, пченкарна свила, голема чичка.
КРВНА ГРУПА А
Пченкарна свила, црвена детелина, рабарбара.
КРВНА ГРУПА Б
Црвена детелина, листови од кајсии, цвет од липа, подбел.
КРВНА ГРУПА АБ
Алое вера, црвена детелина, цвет од липа, пченкарна свила, хмељ.
Извор: novalek.mk