Сите продажни салони на Магнетик се сместени во центарот на Скопје, во Рамстор мол и во Сити мол а дел од брендовите се Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi, Max Mara, Marella, Pennyblack...
Кои се Магнетик ДООЕЛ?
Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи со 16 продажни франшизни салони, еден мултибренд, два аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во Рамстор мол и во Сити мол ул. Љубљанска , како и два угостителски објекти Амигос, Мексикански ресторан во центарот на Скопје и Ист Гејт.
Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија.Во својот состав го има и multybrand продажниот салон Галерија Магнетик, каде се дополнително застапени и Studio Max Mara, Max Mara Leisure, Sportmax Code, Patrizia Pepe, Joseph Ribkoff.Уште при самото нејзино основање, целта беше да се создаде врвна компанија која на нашиот пазар ке донесе производи од светски познати марки со прифатливи цени за нашиот пазар.Филозофијата на Магнетик е насочена кон пазарот, обрнувајки особено внимание и почитување на потребите на потрошувачите, нудејќи им квалитетна услуга и најнови модни трендови.
Денес во составот на Магнетик Групацијата влегуваат следните франшизни продажни салони:
- Gerry Weber, Рамстор мол Скопје
- Outlet Store, Васил Главинов 3/10 и во ГТЦ Скопје
- Paul & Shark, Скопје Сити мол
- Marella by Max Mara, Рамстор мол, Скопје
- Pennyblack by Max Mara, Расмстор мол, Скопје
- Weekend Max Mara, Рамстор мол, Скопје
- Liu Jo, Расмстор мол, Скопје
- Pinko, Рамстор мол Скопје
- Carpisa, Рамстор мол, Скопје Сити мол и Капитол мол Скопје,
- Yamamay, Рамстор мол и Скопје Сити мол
- Oltre, Рамстор мол и Скопје Сити мол
- Motivi, Рамстор мол и Скопје Сити мол
- Fiorella Rubino, Рамстор мол Скопје
- Галерија Магнетик, Скопје Сити мол
Токму за своите продажни салони во моментов има отворено работни позиции и тоа за:
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ/МОДЕН КОНСУЛТАНТ кој ќе биде задолжен за:Услужување на клиенти,Уредување на просторот и магацинот, Работа на каса. Повеќе информации и аплицирање ОВДЕ!
МЕНАЏЕР НА ПРОДАЖЕН САЛОН(м/ж) кој ќе биде задолжен за:Организирање на целокупната работа на продажниот салон од прием на роба до продажба и Организирање на персоналот, делегирање работни задачи и следење на нивно спроведување-Повеќе информации и аплицирање ОВДЕ!
За двете позиции ви е потребно чувство за естетика и мода, организираност, љубезност и комуникативност