Интересно привлекување на нови работници, ресторанот на Мекдоналдс во Илиноис нуди за секој работник АЈФОН.
Ресторан од ланецот „Мекдоналдс“ во Илиноис, САД, го привлече вниманието на јавноста поради уникатниот начин на привлекување нови работници. Ресторанот нуди бесплатни ајфони за новите работници.
Огласот на ресторанот бил објавен на „Твитер“, а на него се гледа дека работниците што ќе ги исполнат критериумите на работодавците ќе добијат нов ајфон по шест месеци работа. Според „Елит ридрс“, вработените во „Мекдоналдс“ во Илиноис се платени 13 долари на час
Реакциите на интернет-корисниците за огласот се поделени. Некои ја поздравуваат иницијативата, а други ја критикуваат. Што мислите вие?