Новоизградениот фабрички капацитет во Куманово на фабриката Дрекселмаер има потреба од пополнување на неколку работни позиции.
Гермаската компанија која во во земјава е присутна од август 2012 година со отворањето на првата фабрика во Кавадарци, во новоотворената фабриката во Куманово веќе има 700 вработени и во план им е таа бројка според потребите да расте.Токму заради зголемениот обем на работа во моментов се во потрага по нови вработени.
Од DRÄXLMAIER Group велат:Ние се фокусираме на иницијативата и креативноста. Нашите вработени имаат слобода да размислуваат и дејствуваат самоиницијативно и во претприемачки дух. Истовремено ги охрабруваме со нивните идеи и предлози активно да придонесуваат за успехот на компанијата. Како семејна компанија секогаш делуваме според нашите вредности кои се цврсто втемелени во нашата корпоративна култура.Имплементираме највисоки светски стандарди во работењето и производството на на електрични кабелски сетови за премиум сегментот во автомобилската индустрија.
Во моментов Дрекселмаер има отворени работни позиции во Одделот за изработка на табли за монтажа како и во Одделот за одржување.
Огласите истекуваат на 30 јуни.
ЕЛЕКТРОНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ, линк за апликација
НАДЗОРНИК ВО ОДРЖУВАЊЕ, линк за апликација
БРАВАР ВО МОНТАЖА, линк за апликација
БРАВАР ВО ОДДЕЛ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТАБЛИ ЗА МОНТАЖА, линк за апликација
ЕЛЕКТРИЧАР ВО МОНТАЖА, линк за апликација