Од следната недела наеднаш ќе биде исплатено задоцнетотот петпроцентно зголемување на платите за вработените во здравството, а од наредниот месец тоа ќе се исплаќа редовно пет месеци како додаток за работа со ковид, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници. Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, кој што вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство, рече Филипче на новинарско прашање по посетата на Health virology biosafety level 3 лабораторија, донација од САД.