Конечно! Инстаграм им дозволи на корисниците да објавуваат фотографии од нивната работна површина!
Еве како да го направите тоа ...
Mногу корисници наведуваат дека сега гледаат „копче“ за да креираат нов пост на работната површина на веб-страницата и дека сега можат да создаваат објави со помош на новиот систем. Instagram сега ви овозможува да објавувате фотографии од вашата работна површина. Oва е прв пат популарна услуга за споделување фотографии официјално да дозволува објавување извори надвор од мобилни уреди.
Компанијата официјално ja потврди оваа информација, наведувајќи дека оваа новост може да ја користат само одредени корисници, а за сите останати ќе биде достапна во наредните недели и месеци.
“Знаеме дека многу луѓе пристапуваат на Инстаграм од своите компјутери - наведуваат од компанијата. За да го подобриме тоа искуство, ја тестираме можноста да создадеме објава на Инстаграм од десктоп верзија”. Плановите на Инстаграм за проширување на објавувањето од работната површина ги забележа развивачот Алесандро Палучи, додека компанијата сè уште ги тестираше плановите.
Ако објавувањето од работната површина е можно, ќе најдете нова икона за „додавање“ помеѓу иконите „инстант порака“ и „истражување“. Кога влечете и испуштате фотографија во „полето за создавање“ (или изберете датотека со помош на копчето „прелистај“), ќе имате можност да ја исечете фотографијата и да ја уредувате пред да ја објавите. Овој последен потег го приближува Instagram уште поблиску до Facebook.