Почна летната сезона. Пандемијата лани ги испразни турситичките места. Црногорските туристички работници ги спуштија цените и летово а сместувањето таму е сега е 10 до 30 проценти поевтино. Но како што се полнат капацитетите се најавува раст на цените. Што се однесува до лежалките на плажа, оние со чадор чинат 10 евра на ден. Според црногорските туристички работници, цените на годишните одмори на ривиерата Будва се моментално многу поволни, па ноќта во приватно сместување, во зависност од категоријата, чини од 10 евра по човек нагоре.
Во екот на сезоната, цената на ноќевање со појадок во хотели со три ѕвезди се движи од 30 евра по лице, а во хотели со четири ѕвезди од 45 евра. Полупансион во сместување од највисока категорија, во хотели со 5 ѕвезди може да се најде за 75 евра. Голем е интересот за летни одмори во Херцег Нови, каде очекуваат стапката на искористеност на сместувањето да биде помеѓу 60 и 70 проценти во однос на 2019 година.
Во текот на јули, цената на ноќевање со појадок во хотели со две и три ѕвезди се движи помеѓу 20 и 35 евра, додека додатокот за оброци се движи од 3 до 7 евра по лице. Во хотели со 4 ѕвезди, полупансион чини од 40 до 60 евра. Во хотели со 5 ѕвезди, цените се движат помеѓу 95 и 115 евра по лице за ноќевање со појадок и за сите дополнителни услуги. Што се однесува до приватните станови, просечната цена за двокреветниот стан е околу 30 евра.
извор: faktor.mk