
Двеста денари чини влезот и паркингот на популарниот охридски камп „Љубаништа“. Минатата година и години наназад, паркингот за цел ден чинеше 100 денари, а од оваа сезона е двојно поскап. Тоа ги одврати дел од охриѓаните кои обично во недела одмараат на оваа плажа, но и туристите, па се паркираа на патот, близу до влезот, и одеа пеш до кампот.
Има и слободен паркинг пред рампата на кампот, но годинава е забрането паркирањето таму со цел што повеќе возила да влезат внатре и да платат по 200 денари. Овие цени ги налутија локалците и туристите кои пристигнува на плажата, и откако ќе видеа дека влезот поскапел, се враќаа назад и се паркираа под дрвјата на самиот пат.
извор: magazin.mk