Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина...
Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1 денар за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар, а на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм.
Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензинеуросупер БС -98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,152 (денари/килограм)