Дозвола за работа на затворените ресторани, но дискотеките, клубовите и кабареата сеуште немаат дозвола за работа...
На вчерашната владина седница се донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.
Министрите за здравство и за економија имаа различни ставови за ова прашање. Министерот за здравство сметаше дека е прерано да се прават собири во затворени простории и изјави дека летово нема да има свадби во затворен простор.
Од друга страна, министерот за економија изјави дека рестораните за свадби треба да ги отворат вратите за организирање на прослави, и додаде дека некаде кон крајот на овој месец или на почеток на следниот, ќе можат да почнат со работа.
Овие препораки следуваат по жалбите на хотелиерите, односно сопствениците на затворените ресторани, кои истакнаа дека се дискриминирани поради тоа што организирањето на свадби е дозволено само во рестораните со тераси или отворен простор.