Бесплатен ПЦР тест за странски државјани во посета на нашата земја

Бесплатен ПЦР тест за странски државјани во посета на нашата земја

30. 06. 2021.

Усвоен е Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата.

На вчерашната седница усвоен е Протоколот за обезбедување бесплатен ПЦР тест за туристи странски државјани со регулиран престој во земјата, кој е предвиден како мерка од шестиот пакет за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.