Бројот на работниците во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7,5%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,4%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е намален за 2,7%.
извор: biznisinfo.mk