Важно е кандидатот да ги има потребните квалитети и умешноста за продажба, завршеното обрзаование може да биде и високо и средно.
Магрони компанијата која ги произведува Ладна и Добра Вода која во моментов има над 100 задоволни вработени го проширува тимот и има потреба за лице кое ке се грижи за продажабата во Угостителските објекти
Лицето ќе биде одговорно за:
- Продажба во хотели, ресторани и кафетерии (HoReCa) и следење на наплатата;
- Изработка на планови за продажба и посети;
Што се однесува до образованието –важно е кандидатот да ги има потребните квалитети и умешноста за продажба, завршеното обрзаование може да биде и високо и средно.
- Неопходно е да има возачка дозвола и најважно Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини;
- Самоиницијативност, лојалност и проактивност во остварување на поставените цели;
Ако ве заинтересира описот кликнете ОВДЕ и видете ги деталите за позицијата МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА а ако сте заинтересирани
Во однос на тоа за каква работна средина станува збор, од Магрони велат:
-Во 2000 година почнавме од почеток, но знаевме каде одиме и кон што целиме. Имавме идеали, знаење, технологија и најважно од се - јасни цели. Денес сме една од водечките компании за производство и дистрибуција на вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци во Македонија и ги инвестираме нашите ресурси и ентузијазам во насока, нашите производи да станат достапни до нови клиенти низ светот.
Над 100 вработени во нашата компанија ја делат подеднакво истата страст за извонредност, усовршување, најсовремена продукција и посветеност да донесеме насмевка и задоволство на секој потрошувач што го имаме. Нашата успешна приказна вклучува активен мониторинг.
Постојано ги следиме модерните маркетинг трендови, неизоставувајќи ја и континуираната едукација на вработените кои се нашата движечка сила. Една од најважните доблести е да бидеме во тек со најновите технолошки решенија и иновации.