Овој мал трик може да „ве спаси“ во текот на филмскиот маратон и гледањето серии дома, играњето игри или пак нешто слично. Поентата е во бакарот, кој што се наоѓа во металните парички и ја примаат топлината. Кога вашиот лаптоп е предолго време вклучен, има ризик да се прегрее. Меѓутоа, едно момче развило интересна домашна импровизација за решавање на овој проблем.
Акинори Сузуки поставил фотографија на која што се гледа како успеал да ги ублажи проблемите со прегревањето на својот лаптоп, така што поставил монети на својот компјутер. Тој објаснил дека монетите можат да ја впијат топлината и така да спречат вашиот лаптоп да се прегрее. Сузуки тврди дека трикот функционира затоа што бакарот има високa топлинска спроводливост, што овозможува побрз пренос на топлина од пластиката на самиот компјутер.