
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 33 степени. Маврово 23, Охрид 27, Битола 31, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 35.
Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.