ОГЛАС
За вработување на 11 работници на определено време од 3 (три)месеци на б ензинска станица во Регион Скопје во Дирекција за малопродажба на следните работни места;
Продавач II категорија - 10 работници;
Продавач касиер I категорија - 1 работник.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови;
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделникдо недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 18.200 денари.
Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ