
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината сончево и топло со мала до умерена облачност и повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Во наредните денови до петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. В петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.