На Исланд, од 2015 до 2019 година, тестирале четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број на работни часови. Сега се објавени резултатите кои покажуваат дека експериментот бил „исклучително успешен“ и многу работници се префрлиле на скратено работно време. Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите. Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.
На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествуваа во експерименталната четиридневна работна недела, што претставува околу 1% од работоспособната популација на Исланд. Многу работници се префрлија од 40-часовна работна недела во 35 или 36-часовна.
Работниците изјавија дека се под помал стрес, а тие исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу приватниот живот и работата. Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент со скратено работно време во јавниот сектор е неверојатно успешен според сите мерки. Ова ни покажува не само дека е можно помалку да се работи во модерната ера, туку и дека се можни прогресивни промени.
Шпанија исто така експериментира со четиридневна работна недела за одделни компании, делумно поради пандемијата на коронавирусот.
Унилевер, британско-холандската компанија која произведува стока за широка потрошувачка, им дозволи на работниците во Нов Зеланд да го намалат работното време за 20%, а истовремено да ги задржат своите плати на исто ниво.