Ова е прв хотел надвор од Европа а отворен е на Менхетен
Иако за него спортската сезона заврши со испаѓање на Португалија на Европското првенство, се чини дека Кристијано Роналдо нема да мирува летово.
Според магазинот Форбс, човекот на кој уште малку му фали да стане милијардер, ја претстави својата нова инвестиција - хотелот “Pestana CR7” на Менхетен, неговиот прв хотел надвор од Европа.
Роналдо е познат по своите инвестиции, а покрај огромните пари што ги заработува од фудбалот, рекламирањето на неговите профили на социјалните мрежи и спонзорствата, тој инвестира и во други работи. Покрај инвестициите во неговите модни линии и козметика, во последните години тој инвестираше во мобилната игра Cristiano Ronaldo: Kick’n’Run, купи дигитална агенција во САД, но и во португалски ланец ресторани во Бразил именуван по неговиот мајка “Дона Долорес.
Она што е сигурно е дека ова лето, еден од најдобрите фудбалери во светот нема да инвестира во акциите на Кока-Кола.