Прочичитајте ги деталите и препознајте дали сте жртва на овој вид насилство!
Луда си, тоа никогаш не се случило.
- Дали си сигурна.Мислам дека си заборавила
- Сè е во твојата глава.
Дали партнерот многу пати ви кажал такво нешто? Колку често се сомневате во сопствената перцепција на реалноста, вклучително и здравиот разум, во рамките на односот во кој сте? Ако е така, вашиот партнер го прави она што експертите за ментално здравје го нарекуваат гаслајтинг..
Бидејќи е суптилен метод на малтретирање, често не се ни забележува, а поради препредената и злобна природа, тешко можеме да го препознаеме, особено што знаат да ни го прават луѓе на кои би требало да им значиме.
Сепак, постои начин да се заштитиме од гаслајтинг, ако научиме како функционира и ако се запознаеме на кој начин оперираат виновниците.
На кои фрази треба да се внимава?
1. Немам поим што зборуваш.
Проблематично е, затоа што некогаш, човекот од другата страна стварно нема поима што зборувате, или за што го обвинувате. Но, ако некој неумоливо го отфрла прашањето без воопшто да покаже интерес да разговара со вас - можно е да си игра со вашата свест и уверувања. Така е упорен, што ви останува само да помислите „ми се причинило“.
2. Претеруваш со емотивност.
Те сече во старт дека џабе си вложил/а толку во проблемот, кога „не вреди и тоа се глупости“, без да земе предвид дека тебе ти е битно.
3. Така ти се чини. / Не беше така.
Тука лежи моментот со манипулацијата на нашите сеќавања и искуства. Ако некој на кој сме му дозволиле некаков авторитет нѐ уверува дека „не е точно“, на крај тоа ќе доведе повторно до „ми се причинило.“ И штетно е. Запаметете дека има разлика меѓу дозволување некој да ви ја каже неговата страна од приказната и дозволување да ве исполаже.
4. Звучиш ненормално.
Трескаш глупости, се слушаш ли што збориш... Ова може да се секојдневни фрази во расправија, но ако убаво отворите очи, ако често се случува, ако вистински имате аргументи, а некој упорно ви повторува вакви работи - гаслајтинг е.
5. Претеруваш.
...Кога не претеруваш.
6. Јас треба да се лутам, не ти.
...Затоа што омилен метод им е да ја свртат ситуацијата наопаку, па како и во секој пример - ти да се сомневаш во себе.
7. Само мене можеш да ми веруваш.
На ова гледајте како на последна шајка од ковчегот што ви го спрема гаслајтерот. Во случај да посакаш да побараш помош надвор од вашиот однос, па да ги согледаш работите од поинаков аспект, гаслајтерот, олош каков што е, ќе се потруди да немаш извори на сила и моќ на расудување, па ќе ти каже дека само него можеш да му веруваш.