
Холивудската суперѕвезда Вил Смит им се пофалил на своите следбеници на платформата Јутјуб дека го истражил најдлабокиот базен на светот – „Длабоко нуркање Дубави“ (Deep Dive Dubai).
До неодамна базенот „Длабоко место“ во Полска важеше за еден од најдлабоките базени (45,4 метри), а титулата му ја презеде „Blue Abyss“ чија изградба е во тек.
„Длабоко нуркање Дубаи“ е планиран како тренинг и истражувачки центар, но моменталниот фокус е ставен на туризмот и комерцијалната атракција.
На самото дно се наоѓа цел град, автомобил, дрвја, библиотека, гејминг соба, филмско студио, а американскиот актер меѓу првите се упатил во прекрасната авантура, пренесува „Аутоеволушн“.
Базенот е исполнет со 14 милиони литри вода, чија константна температура е 30 степени Целзиусови. Обезбеден е со голем број камери, додека активностите во водата може да се набљудуваат од специјалните прозорци.
Базенот во моментов е достапен само за поканети гости, пренесува „Нпр“. Прво бил посетен од престолонаследникот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а познати личности, вклучувајќи го и Вил Смит, го снимиле своето нуркање на социјалните мрежи.