Светот на луксузот и уживањето не е воопшто лесен, многу работи се случуваат зад затворени врати, ососбено во најексклузивните хотели каде гостите не ги знаат баш сите хотелски тајни. За наша среќа, вработените во хотелот ги споделија своите тајни со корисниците, иако искрено, некои од нив подобро никогаш да не ги дознавме.
Сè започна со прашањето: Што се случува во луксузните хотели, а раководството не сака гостите да знаат?
Илјадници луксузни хотелски работници открија детали од нивното работно место поточно ни открија како изгледа работата во хотели со пет sвезди. Многумина велат дека собите не се толку чисти како што изгледаат.
- Никогаш не верувајте во чистотата на стаклото во вашите хотелски соби. Чистачите имаат полни раце работа и малку време, а честопати се случува да ги избришат чашите со иста крпа со која ја бришат бањата. На крајот на краиштата, нивната цел е просторијата да изгледа само чиста - е еден од коментарите.
- Работев во едно од најексклузивните одморалишта во светот, а во период од околу една година воопшто не миевме чаши во собите, само ќе ги избришевме.
- Секој секогаш ги обвинува собарките кога нешто недостасува, но сите оние изгубени работи ги наоѓаме подоцна. Нема шанси чистачите да ја ризикуваат својата работа заради некој друг гаџет или нешто слично.
- Најголемата сметка што ја видов беше два милиони долари за гостин кој го изнајми целиот кат на хотелот за три недели.
- Шеикот ја донесе својата девојка од кафеаната во неговата соба. Откако тој заспал, таа му украла десетици илјади долари, часовници и накит.
- Никогаш, но никогаш не користете фонтани со чоколадо во хотелите. Чоколадото е прескапо за фрлање, така што останува сè додека не се потроши.