Во Италија, се појави нова, добро платена професија: „продавач на мислења“. Кога некој ќе ги праша „од што живееш“, тие луѓе ќе Ви кажат: „Живеам од мислење“.
- За да биде некој продавач на своето мислење, не е потребно да се биде експерт или техничко лице, не е потребно да се имаат идеи, важно е да се има мислење за сè и за секого.
Тоа се луѓето со кои водителот на телевизиската програма зборува за сè и сешто, а мислењата одат од една програма до друг канал, што значи дека специјализацијата не е неопходна. Нивно поле на активност се ТВ спектакли, како што се „Големиот брат“, или попладневни програми во кои се откриваат нови таленти, спортски емисии или забави за ноќни телевизиски озборувања.
Првата задача на „продавачот на своето мислење“ е да се конфронтира со секого. Рејтингот на нивните програми е висок, далеку од оние во кои имаме актуелните социјални теми.
- Ова создава впечаток кај гледачот дека идеите не решаваат ништо, но важи едно мислење, како и друго мислење се додека домаќинот на програмата не го исклучи микрофонот.
Друга професија со звучно име, Животен тренер, е многу профитабилна. Според медиумите, животните тренери наплаќаат 300 евра за нивните услуги, но останува нејасно како стануваат експерти за нечиј живот. Се проценува дека само кај нас има околу стотина такви, кои ја преземаат улогата на психолози и психотерапевти. Тие ги обезбедуваат своите услуги како „неформално образование“ и со тоа не го кршат законот. Слично е и со мотивационите говорници. Тоа се најчесто луѓе кои се „меки“ и одржуваат убедливи говори пред народот.
Животен тренер е сериозна дисциплина. Според пропишаните светски стандарди, обуката трае пет години и вклучува различни тестови и проверки. Прашањето е дали недоволно обучени животни тренери можат да проценат каква помош му е потребна на едно лице и дали можат да направат штета со своите постапки и совети, иако тие се најдобронамерни.