Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата Кико ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма. Слепите лица со Аудио читачот, ЗА ПРВ ПАТ, добиваат функционална, современа и практична алатка која им овозможува поголема независност во нивните активности од секојдневниот живот.
Апликацијата е достапна во мобилна и десктоп верзија креирана согласно современите технолошки трендови, за разлика од досегашните апликации од други земји, кои користеа роботски глас, тешко разбирлив и несоодветен за слепите лица , новиот аудио читач е апликација лесно разбирлива со природен глас, на литературен македонски јазик. Освен лицата со оштетен вид, апликацијата Кико може да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние кои информациите најдобро ги разбираат во аудио формат.
Пристапот до апликацијата е едноставен. Доволно е да се пристапи на Google Play Store и да се симне апликацијата RHVoice. Откако ќе се инсталира оваа апликација потребно е да се одбере македонски на листата со јазици, веднаш до називот Кико.
извор: biznisinfo.mk