Македонија е 70-та земја во светски рамки по увоз на чоколадо, којшто лани достигна вредност од 42.141.000 долари или 3,7% помалку во споредба со 2019 година. Кога станува збор за извозот , земјава е 63-та земја, а минатата година достигна ниво од 13.546.000 долари или 0,6% помалку во споредба со 2019 година.
Во светот во 2020 година на увоз на чоколадо се потрошени 27,8 милијарди долари што е за 4,6% помалку одошто во 2019 година.
САД се извозник број еден по увоз на чоколадо и покриваат 10,4% или 2,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на чоколадо лани беа и: Германија (2,4 милијарди долари), Франција (2,2 милијарди долари) и Холандија ( 1,3 милијарди долари), покажуваат податоците на World’s top exports.
Од земјите во регионот, Бугарија е најголем увозник на чоколадо со 187,6 милиони долари. Потоа следат: Хрватска (177,9 милиони долари), Грција (126,6 милиони долари), Словенија (124,3 милиони долари), Србија (102 милиони долари), Босна и Херцеговина (101,3 милиони долари), Албанија (25,3 милиони долари) и Црна Гора (21,4 милиони долари).