Компанијата White Motorcycle Concepts го претстави електричниот мотоцикл на иднината кој ќе биде способен да вози со дури 407 км/ч.
Се работи за мотоцикл кој носи досега невиден дизајн. Сè е подредено на аеродинамиката, за дa може да се постигне што поголема максимална брзина. Во споредба со класичните мотоцикли WMC250EV има и до 70 проценти помал отпор на воздухот.
Тајната е во тоа што не е опремен со класичен мотор туку со електромотор, кој е со значително покомпактни димензии, а и мотоциклот нема резервоар за гориво. Поради сето ова возачот практично лежи на мотоциклот и е потполно сокриен зад оклопот.
За погон користи два електромотори со сила од 20 kW кои го придвижуваат предното тркало и два со сила од 30 kW кои го движат задното тркало.
Значи, вкупната комбинирана сила на електрочниот погонски склоп изнесува 100 kW (136 коњски сили), a батеријата има капацитет од 15 kWh. Сепак, што се однесува до агилноста, таа не е многу силна страна со оглед на положбата на возачот и тежината од 300 килограми.