Прашање на време е кога становите во метрополата ќе почнат да одат надолу. Причина за тоа ќе бидат празните станови кои зјаат во новоизградените згради во Скопје.
Експертите кои го следат трендот на недвижностите во градот, велат дека растот на цените периодов не е воден од економската логика на понуда и побарувачка, туку од порастот на цените на дел од градежните материјали. Со оглед на тоа што светскиот пазар на основните материјали за градба полека почнува да се стабилизира, се очекува дека цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните. Советот на експертите е дека кога се купува стан не треба да се брза. Во Скопје постојано се гради, инвеститорите заработуваат нереално, а периодов многу станови остануваат непродадени.
“Почекајте да се стабилизира пазарот, да се намалат цените и купувањето да има реална економска логика” – заклучуваат експертите.
Извор: faktor.mk