Volkswagen сака да стане најголемиот светски произведувач на електрични автомобили во 2025 година.
Германскиот автомобилски гигант неодамна ја претстави својата стратегија за наредниот период и соопшти дека до 2030 година очекува половина од продадените автомобили на светскиот пазар да бидат електрични автомобили со батерии.
Пред да се случи тоа, Volkswagen сака да ја престигне Tesla до 2025 година и да стане најголемиот светски произведувач на автомобили на струја, пренесува Reuters.
Оваа проценка е оптимистична со оглед на тоа дека во 2020 година електричните автомобили учествуваа со само 3% во глобалната продажба.
„Поставивме стратешка цел да станеме светски лидер на пазарот на електрични автомобили и на добар пат сме да го направиме тоа“, рече извршниот директор на VW групацијата, Херберт Дис.
За да го остварат тоа, сите автомобили од групацијата мора да преминат на механичка платформа за електрифицирани автомобили, а постепено ќе ги укинат платформите кои ги користат моделите со СУС мотори.