Министерството за здравство апелираа до населението што помасовно да се имунизира бидејќи тоа е единствениот начин да избегнеме нов силен бран и ширење на опасниот делта-сој.
Од денеска, според претходните најави во земјава треба да почне вакцинацијата на деца од 12 до 17 години.
Според податоците од здравствените власти, за вакцина пријавени се околу 1 800 деца. Тие ќе се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи во моментов тоа е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население. Заклучно со петокот, во земјава се вакцинирани вкупно 453 773 граѓани од кои втора доза примиле 272 129.
извор: nezavisen.mk