ТВ серијата на Нетфликс, The Queen’s Gambit соборува многу рекорди, не само оние поврзани со гледаноста, туку и оние поврзани со продажба на шаховски табли. Првата епизода од серијата за предизвиците со кои се соочува девојчето Бет Хармон, инаку голем талент за шах, беше емитувано на 23 октомври. Оттогаш, па сè до денес, оваа серија денеска e присутна во 62 милиони домаќинства, што е највисоко рангирана од сите серии на Нетфликс досега.
Уште поинтересен е економскиот ефект што го има постигнато во областа на комплетите за игри во шах. Од емитувањето на серијата, продажбата на табли за оваа игра во САД е зголемена за 125 проценти. Сепак, трговците не беа подготвени за таков скок на побарувачката, па нивните залихи истекуваат. Но, секој што сака нова шаховска табла, може да ја најде и преку Интернет. Интересно е што продажбата на прирачници со упатства како да се игра шах се зголеми дури и повеќе од самите шаховски табли, за дури 603 проценти.