Најмал временски период на платено породилно отсуство од два месеци има во САД. Од друга страна, Естонија нуди и повеќе од година и пол платено отсуство, со што стана земја со најдобри услови и бенефиции за бремени жени.
Други земји што нудат платено породилно отсуство од една година се Бугарија, Романија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Норвешка, Словачка и други.
Еве колку трае породилното отсуство во другите земји:
Во Дубаи трае само 45 дена.
Во Индија од 84 дена па нагоре.
Во Македонија породилното отсуство трае 9 месеци, но многу мајки не се задоволни од ова и бараат да се одобри 12 или 18 месеци породилно отсуство.
Хрватска – 410 дена, од кои првите 6 месеци мајката зема 100% од месечната плата.
Велика Британија – 365 дена, се дели породилното отсуство, односно за мајката е задолжително да отсуствува само 2 седмици, а потоа како ќе се договорат со тоа што и таткото може да преземе.
Шведска – 240 дена за родителите, од кои 60 дена се резервирани строго за таткото.
Русија – 140 дена, мајката може да отсуства додека детето не наполни 1.5 година и тогаш зема 40% од платата, а ако сака може да остане потоа уште 1.5 година, но без плата.
Казахстан – 126 дена, во случај на компликации може да се продолжи до 10 месеци, а ако има потреба може мајките да останат дома додека детето не наполни 3 години.
Финска – 126 дена, а родителите може отсуството да го заменат за бесплатна нега за детето обезбедена од државата.
Во Португалија - 120 денови, според законот, таткото не треба да помине помалку од 5 денови со неговото дете и ќе биде тужен ако се обидува да ги избегне неговите должности.
Франција - 112 денови, овој период може да биде поделен на 2 дела – 2 месеца пред породувањето и 2 месеца после, или мајките можат да земат повеќе време по породувањето. Ако жената е здрава и се чувствува добро, може да земе отсуство 3 недели пред породување. Жената има дозвола да работи сè додека не е бремена повеќе од 36 недели.
Во Србија - 12 месеци, доаѓањето на нов член на семејството, покрај неизмерната среќа и радост за родителите, носи со себе голема одговорност и бројни обврски, од опремување на детската соба, купување клупи, шишиња, цуцли и друга опрема неопходна за новороденче. Освен непроспиени ноќи, мајките и татковците во Србија не треба да се грижат дали им е платено отсуство од работа.
Во Црна Гора - 365 дена, родителот може да започне со работа пред истекот на мандатот до 365 дена, но не и пред истекот на 45 дена од денот на раѓањето на детето. Во случај на престанок на родителско отсуство, родителот нема право да продолжи да го користи родителското отсуство
Во Албанија - 12 недели, ФМЛА пропишува 12 недели неплатено отсуство за нови родители, но просечното породилно отсуство често завршува пократко. Околу 70% од жените пријавуваат одмор по бременоста, а просечното породилно отсуство трае 10 недели. Приближно половина од новопечените мајки земаат најмалку пет недели одмор, додека на 25% им требаат девет недели или повеќе да останат дома со ново бебе.
Во Грција - 119 дена, првите осум недели (56 дена) мора да се дадат пред очекуваниот датум на раѓање, а останатите девет недели (63 дена) да се дадат како единствено отсуство. Ова отсуство, кое е задолжително, го имаат жените кои се вработени кај кој било работодавач со работен однос.