
Во Србија се бараат мајстори, a платата може да достигне и до 2.000 евра.
За водоинсталатер за итни интервенции, платата се движи од 1.000 до 2.000 евра. На електиричарите, молерите, керамичарите, ѕидарите и заварувачите им се нуди плата поголема од просечната, а се движи во главно од 60.000 до 120.000 динари. Недостигот на занаетчии ќе влијае на поскапувањето на трошоците за одржување на сите системи, од инфраструктура до станбени објекти, а дел од тоа ќе мораат да го платат граѓаните. Слична е состојбата и во други земји во регионот, каде снемува занаетчии поради иселувањето.
извор: faktor.mk