Мало мнозинство на граѓани од седум земји членки на Европската унија, коишто не го користат еврото, веруваат дека преминот кон таа валута ќе има позитивно влијание на нивната земја, а најголема поддршка за влез во еврозоната имаат граѓаните на Романија
Три четвртини од Романците и над половина од граѓаните на Унгарија (69%), Хрватска (61%), Полска (56%) и Бугарија (54%) имаат позитивен став кон воведување на еврото, додека поддршката е најмала во Чешка (33%) и Шведска (43%). Од вкупниот број на испитаници во сите седум земји, 57% рекле дека го поддржуваат воведувањето на еврото, додека 40% се против. Во сите земји, освен во Чешка, е зголемена поддршката на еврото во однос на минатата година. Најголем раст има во Романија (12%) и Шведска (8%).
Воведување на еврото ќе има позитивни последици во земјите што веќе влегле во еврозоната, сметаат 60% од учесниците во истражувањето во коешто учествуваат повеќе од 7.000 граѓани на Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.
Помалку од нив (52%) веруваат дека тоа ќе има позитивно влијание на нивната земја.
извор: biznisinfo.mk