Граѓаните купуваат различни видови производи, без разлика дали станува збор за прехранбени производи или пак производи кои се на попуст. Но, што треба да знаат потрошувачите доколку се измамени од страна на трговците или не се задоволни со купениот производ?
Еве што советуваме:
Потрошувачите треба да внимаваат што купуваат, дали има упатство за употреба и да ја прочитаат декларацијата.
Kога купуватe производи треба да видите дали има гаранција, дали тоа е преведено на македонски јазик, дали ги содржи сите технички упатства. Пред се и кај техничките производи гледаме дека и рекламирањето на еден производ има свои предности и маани. Треба да се провери, дали е на 50% и дали се однесува на сите артикли. Сепак треба да се следат оние насоки кои нам ни се добро познати - купувањето на производот заедно со фискалната сметка , проверка на лице место, доколку не е исправен производот тоа да се провери и да секако можноста за замена да биде на прво место.
Каде можат да се пожалат потрошувачите?
Незадоволните потрошувачи можат да се обратат на официјалниот број во Организацијата на потрошувачи во Македонија или во зависност од тоа за каков производ се работи, можат да поднесат жалба и во Државниот пазарен инспекторат или Агенцијата за храна и ветеринарство доколку забележат одредени недостатоци во однос на безбедноста на храната. Потрошувачите исто така треба да внимаваат кога купуваат во огромните супермаркети дали е истакната цената на рафтот со онаа која што ја плаќаат кога доаѓаат на каса.