Инстаграм, а со тоа и Фејсбук, не ги криптираат пораките што ги пишувате на Месенџер, што значи дека никој не гарантира дека тие не ја користат содржината на вашите приватни пораки за потоа насочено да ви рекламираат на ѕидот тоа што тие мислат дека треба според нивната статистика. Тоа им доаѓа како дополнително инфо, откако претходно тие гледаат кои профили на фирми или групи сте ги пребарувале.
Додека Фесјбук и Ватсап решија да си ги праќаат еден на друг вашите податоци, што разгневи многу корисници и ескперти во светот, во битката најнакрај изгледа победи Вајбер, пренесува Мондо. Одлуката на Фејсбук и Ватсап беше дочекана на нож, па тие мораа да го одложат прифаќањето на новите Услови за деловна активност на неодредено време, само за да ги одоброволат луѓето.
Што точно можат овие апликации да дознаат за вас и вашата приватност?
Ватсап ги споделува IP-адресата и вашиот телефонски број
Добра вест – ниту Ватсап ниту останатите платформи не можат да ги читаат вашите приватни пораки! Тоа значи дека ниту една влада во светот нема да може да дојде до нив. Лошата вест е дека наместо криптираните пораки, Ватсап најчесто го споделува вашиот телефонски број, името на профилот, IP-адресата и времето на праќањето на пораките.
Овие т.н. метаподатоци (заднински податоци) меѓу себе ги споделуваат и другите апликации. Заднинските податоци има право да ги искористи и владата на некоја земја, ако судот има потреба од тоа. Повеќето ЕУ-земји имаат предвидено во своите закони како и каде можат владите да ги користат овие битни парчиња на информации.
Метаподаток е кога некој знае што и за колку сте купиле на интернет
Метаподатоците, или „податоците во врска со податоците“, се моќно оружје. Со нив можете да направите статистика како некој се однесувал на социјалните мрежи, (иако не можете да ја знаете содржината на пораките), кога некој му пишал на некого итн. Тоа може да се искористи и во маркетинг цели, на пример, кај насоченото рекламирање.
Што друго споделува Ватсап со Фејсбук и Инстаграм? Секако не вашата листа на контакти или на „луѓе кои можеби ги познавате“. Сепак, се споделуваат информации за тоа од каков телефон типкате, со колку батерија, дали е тоа со Андроид или друг оперативен систем, од кој веб-прелистувач и слично. Ако плаќате преку интернет, овие апликации го регистрираат тоа, секако без да ве откријат вас како плаќач, или вашите податоци, пинови или лозинки од картичката.
Ако контактирате со некоја фирма на Фејсбук, вашата преписка со таа фирма може да ја има само фирмата, и секако вие.
Не се тагнувајте секаде кај што одите, Инстаграм ја споделува вашата локација!
Инстаграм оди уште подалеку со споделувањето на ваши информации. На пример, можете да добиете покана за членство во Фејсбук-група во која членуваат ваши пријатели од Инстаграм. Но, тоа е само почетокот. Инстаграм ја споделува вашата локација, местото на живеење и сите места кои ќе ги посетите доколку ви е вклучена опција „локација“ на мобилниот. За разлика од Ватсап, вие на Инстаграм не можете да му забраните да ја споделува вашата локација!
Инстаграм ја користи содржината на пораките за да рекламира!
Уште една катастрофална вест. Инстаграм, а со тоа и Фејсбук, не ги криптираат пораките што ги пишувате на Месенџер, што значи дека никој не гарантира дека тие не ја користат содржината на вашите приватни пораки за потоа насочено да ви рекламираат на ѕидот тоа што тие мислат дека треба според нивната статистика. Тоа им доаѓа како дополнително инфо, откако претходно тие гледаат кои профили на фирми или групи сте ги пребарувале.
Што се однесува до плаќањето со картичка се случува истото како и кај Ватсап – се знае што, од каде и за колку пари сте го купиле, компанијата на вашата картичка, но не и личните податоци и ингеренциите за плаќање со картичката.
5 милиони сајтови ги споделуваат вашите податоци
5 милиони сајтови работат на споделување на вашите лични информации и му ги испраќаат на Фејсбук и веројатно е предоцна тоа да се смени, велат експертите. Тоа се сајтови на 91 компанија кои учествуваат во еко-системот на Фејсбук, а единствен начин да ги стопирате е едноставно да ги избришете Фејсбук, Ватсап или Инстаграм од вашиот телефон.
Не ја користете апликацијата на Фејсбук, туку одете на веб-сајтот и логирајте се
Исто така, битно е да се знае, дека секој пат кога се логираме на веб-страница преку Фејсбук, наместо да создадеме наш профил, со самиот логин, и тој сајт ги користи нашите метаподатоци за потоа да му ги прати на Фејсбук, или да ги искористи во сопствена маркетинг стратегија.
Во иднина, ако сакате да одите на Фејсбук, одете преку интернет прелистувачот на вашиот мобилен, а не преку апликацијата на Фејсбук.
Се споија Фејсбук, Инстаграм и Ватсап
Сите овие месенџери се споија – и ги споделуваат метаподатоците меѓу себе. Како да не беше доволно што Месенџерот на Фејсбук се спои со Инстаграм, туку и моментално најголемата апликација за муабетење Ватсап се приклучува во играта. Реакциите започнаа кога Ватсап се закани дека ќе ги исклучи сметките на луѓето кои нема да се согласат со новите правила, но потоа се повлече и се извини.
Додека другите се караа, Вајбер искористи
Луѓето стравуваа дека може да биде споделувана и нивната моментална локација, но од Ватсап демантираа. Но, времето беше кратко. Дури да трепнеш, лавина од луѓе веќе се префрлија на Сигнал и на Телеграм, слични апликации, и го преоптоварија нивниот сервер. Додека серверот колабирал, многу од луѓето се решиле да го пробаат Вајбер.
Така, Вајбер ќари најмногу од новата ситуација, иако Ватсап со своите 2 милијарди корисници сè уште останува прва апликација за муабетење во светот.