Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
Агенти за директна продажба
[реф. бр. 2018-016 – Direct Sales]
За следните градови / региони:
- Штип
- Кочани
- Тетово
- Гостивар
- Охрид
- Радовиш
- Пробиштип / Кратово
- Виница
- Македонска Каменица
Профил на работната позиција:
- Реализација на посети кај постоечки и потенцијални клиенти на Македонски Телеком АД Скопје со цел директна продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје или извршување на сервисни и промотивни активности;
- Работа на терен во градовите / регионите наведени погоре;
- Грижа за клиентите и следење на реализацијата на договорите;
- Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.
Профил на кандидатот:
- Завршено средно образование;
- Одлични комуникациски вештини и развиени продажни вештини и моќ на убедување;
- Претходно искуство во продажба/ директна продажба/ телемаркетинг или грижа за корисници ќе се смета за предност;
- Основно познавање на MS Office;
Услови:
- Скратено работно време 20 часа неделно;
- Право на бонус согласно постигнати резултати.