
Сопственикот на зграда во градот Блумберг на југот на Германија сам си создал проблеми со тоа што не им плаќал на работниците, т.е. изведувачите на неговата зграда.
Имено, тој наводно му должел на изведувачот 4,9 милиони евра, а откако на изведувачот му здосадило да ги чека неговите пари, збеснал и одлучил да се одмазди на интересен начин во средата во 7.30 часот наутро.
Со багер тргнал на зградата и ги срушил скоро сите балкони на неа, како и соседните sидови, предизвикувајќи на тој начин штета од речиси половина милион евра на новоизградената зграда.
Бидејќи сѐ уште е во изградба, зградата била празна и затоа нема повредени, а местото на настанот во неверување го следеле околу 50 очевидци. Се разбира, тие веднаш ги зеле камерите и снимиле неверојатна сцена на градежникот што руши се пред себе.
Градежникот запрел по урнатините на балконот само затоа што се скрши хидрауличното црево на багерот, изјавија сведоци за германскиот весник Шварцвуелдер Боте.
Подоцна тој и се предал на полицијата, а полицијата ја блокираше областа од страв со багерот да не ги оштетил резервоарите за гас во зградата.
Workers destroy 30 new apartments in Blumberg, Germany after businessman refuses to pay their wages. This is what we in the direct action movement call *aggressive negotiations*. Top work comrades✊
Актуелно
Тунелот Муриз наскоро во употреба – од Дебар до Тирана за еден час
Тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, ќе биде отворен за сообраќај на 14 март, со што од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час.
Вештачка интелигенција го менува начинот на патување: Како AI ја поедноставува организацијата за одмор?
Во динамичното темпо на современиот живот, особено во урбаните средини, спонтаното патување често се смета за предизвик. Потребата од детално планирање, организација на сместување и транспорт, како и финансискиот аспект, може да ја намали авантуристичката возбуда.
Во овие земји железничката мрежа е најразвиена: Каде во Европа мрежите се шират најбрзо?
Железничката мрежа во Европа се проширува, но напредокот е нерамномерен
Оваа земја до 2040 година ќе биде најпосетувана во светот: Веќе бележи рекордни посети
Франција е земја со прекрасни градови, села и пејзажи, погодна за секој вид туристи, но наскоро би можела да ја загуби својата водечка позиција меѓу најпосетуваните држави во светот.
Какви ќе се последиците од потоплите и пократките зими?
Влијанијата на климатските промени се многу повидливи во лето, но ги менуваат и зимите, а луѓето тоа го забележуваат.
ЗАВРШУВА ЕРАТА НА НЕТОЧНИ БРОИЛА! „Опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.