Откако пандемијата почна да се повлекува, компаниите полека наоѓаат нови причини да ги вратат своите вработени во канцелариите. Некои од тие причини, како континуитетот во работењето и размената на идеи меѓу вработените, беа отфрлени од Харвард. Иновативноста не е секогаш планирана активност, а нејзините делови се кога ќе наидете на колеги во текот на работниот ден, и добивате инспирација за тоа како да ја развиете идејата на која сте работеле.
Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Димон изјави дека кога работите од дома, нема да имате спонтани идеи, бидејќи едноставно тоа не функционира така.
Итан С. Бернстин, професор на Факултетот за бизнис на Харвард, не се согласува со нив, предупредувајќи дека нема докази дека работата со други луѓе е неопходна за креативност и соработка. Таквата работа дури може да им наштети на иновациите, бидејќи барањето да се работи во канцеларија во одредено време од денот, на одредено место, е причина американското работно место да не им изгледа привлечно на луѓето надвор од САД.
Професорот нагласува дека кога ќе ги споите луѓето во ист простор, тие сигурно ќе се сретнат и ќе разговараат. Но, нема докази што сугерираат дека ваквите разговори ќе помогнат во иновативноста, креативноста или воопшто ќе бидат корисни за организацијата. Во време кога вработените мораа да спијат над работа за време на короната, голема заблуда е дека во канцелариите, вработените зборуваат само за работа, напротив.
Токму поради тоа и фактот дека нема податоци што ги поддржуваат овие тврдења, професорот Бернстин верува дека идејата на случајните средби ќе ја поттикнат продуктивноста а тоа повеќе е бајка на менаџментот, отколку реалност.
Тој исто така додава дека класичните канцеларии всушност ги намалуваат интеракциите помеѓу вработените за дури 70%. Луѓето не сметаат дека спонтаните разговори се корисни, па затоа повеќето од нив носат слушалки, само за да избегнат интеракции со колегите. Можеби решението е нешто многу поедноставно - само доаѓајте на работа секој ден со насмевка на лицето.