Идејата за онлајн саем за вработување, која пред 3 години беше иновација на нашиот пазар и беше вистински предизвик за нашиот тим, веќе стана стандард и начин на барање работа и квалитетни кандидати. Во 2020 година, кога буквално се беше застанато и затворено, благодарение на овој проект ги отворивме границите и ги поврзавме кандидатите и компаниите од земјата и регионот.
Во најтешката година на предизвици и неизвесност, овој проект го доживеа својот успех, што ни е посебно драго. Но, сепак, најдобро мерило за успех е задоволството на нашите клиенти и корисници на сајтот.
Барателите на работа го кажаа своето, преку импресивната бројка од 110.000 посети и 7.000 апликации на саемот, само од Македонија.
Што велат учесниците за Регионалниот саем за вработување?
Виртуелниот саем за вработување, едно убаво искуство
„На Виртуелниот саем за вработување Лакталис Македонија учествува две години со ред, и мора да кажам, искуството е повеќе од добро. Се функционира како што треба – од првиот мејл со информација околу техничките детали, преку поддршката во процесот на организирањето на штандот и содржините на него, па се до добивањето на извештајот за посетеноста на штандот, статистичките податоци за интересот кој огласите и компанијата го предизвикале и апликациите на кандидатите.
Минатогодишниот саем беше со една тежина плус – мораше да ги задоволи потребите за средба помеѓу работодавачите и барателите на работа во новонастанатите услови на пандемија, која тие контакти ги проретчи и ги направи скоро невозможни. И, саемот успешно ја изврши и таа своја задача – Лакталис имаше девет огласи на кои доби вкупно 464 апликации, или во просек, 52 по објавен оглас.
Квалитетот на пристигнатите апликации беше и во двете години на завидно ниво. Со оглед на тоа што огласите беа објавени со цел пополнување на базата со CV–ja, кандидатите ги контактиравме и долго по завршувањето на саемот, кога реална потреба за работната позиција ќе се појавеше. Некои од нив денес се наши колеги со кои се гордееме.
Воедно, саемот го искористивме за претставување на Лакталис на домашниот пазар – со оглед на тоа што Лакталис е компанија кој се рекламира преку своите брендови (President, Alpsko, Dukat, Идеал Шипка), не потенцирајќи го името на компанијата, саемот го направи потребниот линк, покажувајќи им на потрошувачите кој стои зад нивните омилени млечни производи.
Во секој случај, позитивно искуство кое го препорачувам на секоја домашна компанија која сака да биде видена и препознаена на пазарот на труд како добар работодавач, олеснувајќи го процесот на ангажирање на најдобрите вработени за реализација на поставените цели и визии.“ го изнесе своето мислење Весна Коруноска, Раководител на Човечки ресурси во Лакталис МК ДООЕЛ Скопје.
Целосно ново дигитално искуство
„Целосоно ново дигитално искуство, кое е во согласност со стратегијата на А1 Македонија.“ – е впечатокот на Маја Анчевска Цветковска – Специјалист за човечки ресурси во А1 Македонија.
Позитивен фидбек и голем број на кандадати
Тања Ф. Пенкова, Менаџер за човечки ресурси во Маркарт Македонија, го сподели својот впечаток за саемот - Виртуелниот саем за нас беше едно ново и позитивно искуство кое ни помогна да се претставиме на еден поинаков, интересен и модерен начин. Фидбекот беше многу позитивен и добивме голем број на кандидати подготвени да станат дел од Маркарт семејството.
Врвен професионално организиран настан
„Врвен професионално организиран настан. Одлична можност да ја претставиме нашата компанија пред голем број професионалци.” – е искуството на Фикрет Зендели, основачот на BREON.
Работевме со врвни професионалци кои ни помогнаа да го подобриме брендот на компанијата не само во нашата држава, туку и во регионот
“Голема благодарност до vrabotuvanje.com.mk кој ни овозможи учество на Регионалниот онлајн саем за вработување. Работевме со врвни професионалци кои ни помогнаа да го подобриме брендот на компанијата не само во рамките на нашата држава туку и во регионот. On-line платформата ни овозможи контакти со кандидати без да бидеме лимитирани со географската локација, 24/7 комуникација за отворените позиции и понудата на компанијата, ги дознавме квалификациите на кандидатите, креиравме база на потенцијални кандидати. Како резултат на тоа заштедивме во време за подготовка на реален штанд, се отвори ново место на интеракција, поголема достапност до заинтересираните кандидати и одбравме кандидати кои одговараа на нашите барања” - Кристина Аневска, Специјалист за регрутација, Аптив Македонија.
Како и секоја година, раната пријава за „Регионалниот саем за вработување“ им носи на работодавачите и на компаниите дополнителни 10% ПОПУСТ на сите видови на штандови во сите земји во регионот, а регистрацијата може да се направи ТУКА.