Списанието “Muscle and Fitness” ја открива најголемата тајна на прехранбената индустрија: многу т.н. здрави намирници не се ништо подобри од своите “нездрави” алтернативи.
Причина за тоа е што некои од нив содржат малку нутритивни вредности, додека некои содржат дури и штетни хемикалии.
На пример, лебот на кој пишува дека е направен од интегрално зрно може да содржи дури 70 отсто рафинирано брашно. Освен лебот, “Muscle and Fitness” направи листа од уште седум “здрави” намирници кои всушност не се тоа.
Житарици
Голем број на Американци, дури 31 отсто, го започнуваат утрото на ист начин: со чинија полна житарици и млеко. Меѓутоа, многу житарици не се хранливи, дури и доколку се означени како здрави. Затоа добро обрнете внимание на количината на шеќери која тие ја содржат.
Млеко со низок процент на маснотии
Иако оваа намирница има помалку калории, полномасното млеко содржи повеќе заситени и мононезаситени масти кои ви даваат подолго чувство на ситост. Уште една причина повеќе да пиете полномасно млеко е тоа што во млекото со низок процент на маснотии се додава млеко во прав со цел да биде што послично на полномасното млеко.
Протеински плочки
Многу протеински плочки се само добро спакувани слатки. Најчесто тие содржат голема количина на шеќери, транс масти и вештачки засладувачи.
Спортски пијалаци
Едно истражување на универзитетот Оксфорд открива дека не постојат докази кои би потврдиле дека спортските пијалаци навистина помагаат во подобро изведување на вежбите, бидејќи половина од компаниите кои произведуваат спортски пијалаци не понудиле доволно докази за своите тврдења дека тие се здрави.
Освен гореспоменатите намирници, на листата на “здрави” намирници се најдоа и овошните сокови, намирниците означени како немасни и сушеното овошје.
tocka.com.mk