Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Директор на Дирекција за информатичка технологија.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности а во врска со организирање, функционирање и раководење се однесуваат на:
- Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
- Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
- Одржување на виртуелната инфраструктура;
- Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
- Администрација на Firewall-и, правила и spam филтри;
- VPN администрација;
- Конфигурира и изработува план за мрежна инфраструктура;
- Мониторинг на работата и перфомансите на серверите, уреди во мрежната инфраструктура, интернет, VPN конекција и други IT уреди и ажурирање на нивната техничка документација.
- Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Потребно работно искуство минимум од 2 години;
- Firewall Checkpoint, Cisco ASA
- Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
- Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
- Познавање на комуникациските TCP/IP протоколи, FTP, SFTP, SSH, VPN и други;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата од 61.500 до 123.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка АД Скопје, испратете CV и пропратно писмо на: hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.