Делегација предводена од менаџментот на глобално реномираните компании Дура аутомотив системс и Алмак одржаа работна средба на која беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава.
Средбата е во пресрет на утрешното официјално стартување со инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.
Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија, кои значат имплементирање на врвна технологија и нови добро платени вработувања, што ќе влијае на севкупниот економски раст.
Компанијата од Јужна Кореа, Алмак, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70%, а главна причина за нивната одлука за инвестирање во Северна Македонија, како што беше истакнато на состанокот, е позитивното искуство на нивниот бизнис партнер Дура аутомотив системс, кои ја потврдија одличната деловна клима во земјава и можноста за долгорочно планирање и развој на заедничкиот проект.
Почетокот на производството се планира за следната година.
Доколку сакате да бидете дел од оваа компанија погледнете ги сите активни работни позиции на ДУРА АУТОМОТИВ:
Инженер за квалитет одговорен за купувач
Погледнете ги деталите за огласот
Инженер за квалитет на процеси
Погледнете ги деталите за огласот