НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АЕРОДРОМOT: Во терминалната зграда само со вакцина или негативен тест

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АЕРОДРОМOT: Во терминалната зграда само со вакцина или негативен тест

20. 08. 2021.

ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако се донесоа новите мерки и препораки за заштита од Ковид-19.

ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако се донесоа новите мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници. 
 
Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
 
„Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување , стои во изветсувањето од ТАВ Македонија.
 
извор: faktor.mk