Работевме пренапорно предолго. Нови сопственици ЧАО, гласи дел од пораката на персоналот кој по 7 и повеќе години работа колективно си даде отказ. Ресторан за брза храна во Охајо мораше да биде затворен поради тоа што целиот персонал си даде отказ. Вработените во Sonic Drive-In се одлучиле на овој потег откако дознале дека нивните плати ќе бидат намалени.
Франшизата ја купила некоја голема корпорација и го променила начинот на функционирање. Вработените кои работеле по 7 и повеќе години таму одлучиле дека тоа не им одговара. Колективно си дале отказ.
Сурово искрената порака гласи:
Поради ужасниот менаџмент целиот локал даде отказ. Компанијата е продадена на луѓе на кои не им е грижа за никого освен за себеси.
Извинете за непријатностите, но нашиот тим одбива да работи за компанија која ги третира вработените на најлош можен начин, кога тие вложија сè во овој локал. Работевме пренапорно и предолго. Сите одиме кон нови и подобри работи.
Па, нови сопственици ЧАО!
Многу луѓе од целиот свет им дадоа поддршка за храбриот потег.