Мораме да бидеме искрени дека во некои земји за 50 денари не можете да купите ништо. Затоа пак во други, можете да купите многу работи. Денес сакаме да ве прошетаме виртуелно низ целиот свет , па откако овие времиња конечно ќе завршат, можеби ќе одите во некоја од овие земји и сами ќе се уверите во одличните цени.
Еден долар просечно вреди околу 50 денари. Добро знаеме што можеме да купиме за тие пари во нашата земја, но дали знаете што сè може да купите за еден долар ширум светот?
Филипини
Ако сте уморни по еден ден пешачење во Манила или некој друг дел од Филипините, се исплати да се опуштите со една масажа. И не било каков вид, туку масажа на стапалата. Верувале или не, само за 50 денари ќе добиете 20 минутна масажа!
Истанбул
Кога веќе сте во Истанбул и по обична обиколка на чаршијата, сакате одмор, ви препорачуваме да одите на традиционален турски чај. Чајот е многу попопуларен пијалок од кафето, и верувајте ми, на многу места ќе го најдете за помалку од 50 денари.
Виетнам
Ако некогаш гледате филм со продавница лоцирана во Виетнам, ќе забележите дека голем број Виетнамци носат традиционална капа позната како „нон ла“. Оваа капа е убав сувенир и обично е направена од слама, а бидејќи можете да ја набавите за 50 денари, не штедете.
Германија
Во Германија не можете да купите многу работи за 50 денари. Но, замислете ја следнава ситуација. Дојдовте и се сместивте некаде во Берлин и сте заборавиле да донесете чепчиња за уши. Барем тоа ќе го најдете тука за околу 50 денари.
Малезија
Кога одите на патување во оваа земја, ноесете помалку работи во куферот. Не само што можете да направите добар шопинг, туку и вашата облека можете да ја исперете во автоматска перална. Цена? Дури и во Куала Лумпур се доволни само 50 денари или помалку.
Индија
Одличен начин да ја обиколите оваа земја е да користите јавен превоз кој е прилично евтин. На пример, најевтиното возење со метро ќе ве чини само 10 денари, и воопшто, ниту меѓуградскиот превоз не е скап, така што често патувате за само 50 денари.
Венецуела
Ова е земја во која бензинот е поевтин од водата. За 50 денари добивате точно 4 литри бензин, што значи дека без проблеми ќе поминете растојанието од 50 километри за 50 денари.
Јужна Кореа
Во Јужна Кореја можете да најдете машини за караоке кои се многу популарни и забавни. За еден долар можете да пеете две песни.
Португалија
Во Португалија, можете да пиете одлично кафе за еден долар! Историјата на кафето во оваа земја датира од 18 век и туристите велат дека кафето во Португалија секогаш се подготвува со љубов.
Швајцарија
За еден долар таму можете да купите 1,5 литри вода.
Тајланд
Само патувањето до Тајланд е скапо, а цените таму се и повеќе од прифатливи. За еден долар ќе најдете убави оброци, но и картичка со која ќе можете да разговарате со сите земји 16 минути.
Прочитајте Колку потрошиле македонските граѓани во пандемијата?
Извор: kafepauza.mk