Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек најави во четвртокот дека сите вработени во јавниот сектор кои работат директно со други луѓе мора да бидат вакцинирани или да имаат потврда за прележан Ковид-19. Оцени дека веќе требало да се преземат такви чекори и дека по тоа прашање треба да се има цврст став.
Според него, државната администрација ќе биде прва која ќе покаже дека тоа може да се направи, затоа што законите овозможуваат тоа да се бара од оние кои работат со луѓе.
Извор: nezavisen.mk